www.vilazora.com.mk 05/12/2016
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

Почетна страна

Средба за климатски промени

Image05.10.2016

Од 28-29 септември 2016 година, беше одржана конфренцијата" после Парискиот договор-заклучоци и препораки" посветен на Климатските промени, на која учествуваше претседателот на ЕД "Вила Зора" и зема активно учество во развојот на стратегијата за справување со климатскките промени во регионот и Европа.  

Подетално...
 
Започна фиторемедијацијата во Велес

Image30.09.2016

На неколку земјоделски површини околу Велес беше посеано семе на маслодајна репка, со цел да се изврши прочистување на почвата загадена со тешки метали преку фиторемедијација. Локациите се сопственост на индивидуални земјоделци, кои одбиваат да ги користат за производство на храна, поради енормната загаденост.

Подетално...
 
Tour de Veles 2016

Image

 

 

 

 

 

 

 

21 Март-Tour de Veles 2016

На денот Екологијата


ЗАЕДНО да ја подигнеме свеста за почесто користење на велосипедот како превозно средство!!!

 
Награда за човекови права

Image08.12.2015

ЕД Вила Зора ја доби наградата за човекови права, која оваа година ја додели Амбасадата на Р.Франција во Р.Македонија, за активности од областа на заштитата на животната средина и природата. 

Подетално...
 
Зелен сервис за граѓаните

15.05.2015

Во Велес беше основан Зелениот јавен сервис, како мрежа од граѓански невладини организации за ефетивно зктивно учество. На средбата беше потпишана Декларација за соработка и учествуваа граѓански организации кои го пориваат регионот на Велес, но и околните општини: Градско, Неготино, Кавадарци, Росоман, Чашка и Лозово. Целите на проектот се:

             -         Мобилизирање на граѓаните и подигање на јавната свест, како да влијаат на донесувањето на одлуките на локално ниво

-         Создавање мрежа на невладини организации, со цел подигнување на капацитетите за решавање на проблемите во заедницата

-        Позитивно влијание врз транспарентноста и отчетноста на институциите

        -       Идентификување на локалните комунални и еколошки проблеми, презентирање и следење на работата на локалната самоуправа во решавање на проблемите. #NEAP

Подетално...
 
Tour de Veles 2015

Image

21.03.2015 После една година пауза, поради ненајавеното прекинување на поддршката на кросот од страна на општина Велес, оваа година самостојно го организиравме 12-тиот крос Tour de Veles. Најубавата порака ја пратија нашите млади членови -" И НИЕ ИМАМЕ ПРАВО НА ВЕЛОСИПЕДСКА ПАТЕКА".

Подетално...
 
Конференција на Зелената Платформа на Македонија

Image24.10.2014 година во Велес беше одржана првата Конференција на Зелената Палформа, на која беа разгледани неколку еколошки "жешки"точки во државата:

- Ќе дишат ли градовите и оваа зима на шкрги?

- Се има ли идеја за згурата во Велес?

- Што со националниот парк Маврово?

Подетално...
 
"Free-paper" кампања низ Европа
ImageШирока коалиција на невладини организации, организации на земјоделци и производители на храна од 27 земји во Европа се одбедини против патентирањето на  живите организми. Имено, ЕПО(Европската патент организација) додели патент на компанијата Сингента за т.н. "Инсект резистанта пиперка" која е добиена со природно вкрстување на обичната пиперка со луто пиперче од Јамајка, (по што станува отпорна на влијанието на многу инсекти).
Подетално...
 
Предлог-мерки за намалување на загадувањето
Мерки предложени од Вила Зора:

1. Забрана на употребата на гуми, масло од автомобили и други токсични средства во лесната и тешката индустрија и редуцирана работа на индустриските капацитети; 
2. Да се намали акцизата, а со тоа и цената на ТНГ(еко-плин) во месеците декември, јануари и февруари, со што ќе се стимулира употребата на овие релативно поеколошки горива во зимскиот период;
3. Да се намали цената на био-дизелот во истиот временски период, со зголемување на процентот од 8 на 20%;
4. Да се исклучат од сообраќај тешките возила кои не задоволуваат основните еколошки стандарди;
5. Да се забрани сечење дрва во градовите, освен ако не се стари и ако преставуваат опасност по околината;
 
Започна акцијата за собирање 10.000 потписи

ImageЗапочна акцијата за собирање 10.000 граѓански потписи, за поддршка на граѓанската иницијатива за дополнување на Законот за животна средина. со која се бара забрана за градење тешки индустриски капацитети на растојание помало од 5 км. 

 

Подетално...
 
Зелен пакет јуниор во ОУ "Благој Кирков"
ImageПод мотото -"Учиме да дебатираме за одржлив развој", на патрониот ден на ОУ "Благој Киров" во Велес, беше изведена манифестација посветена на здравата храна и собирањето и рециклирањето на отпадот, како дел од проектот Зелен пакет јуниор, кој ЕД Вила Зора го спроведува во сите основни училишта во Велес.
Подетално...
 
<< Почеток < Претходно 1 2 Следно > Крај >>

Резултати 1 - 12 од 18
македонски
англиски

Анкети
Посетувате ли туристички локации во Македонија?
 
 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk