www.vilazora.com.mk 18/12/2017
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

Почетна страна arrow За нас arrow организација

Организација

Органи на Вила Зора се:

  • Собрание
  • Претседателство
  • Надзорен одбор

Собранието е највисок орган на одлучување на Вила Зора.

Собранието на Вила Зора:

  • донесува Статут, Програма и други акти за работа на Вила Зора
  • својува годишен извештај на минати активности, насоки и план за идни активности
  • усвојува завршна финансиска сметка и финансиски план
  • одлучува за промена на мисијата на Вила Зора
  • одлучува за основање на други облици на организација на Вила Зора
  • одлучува за здружување или разделување од друго здружение и за зачленување во сојузи и меѓународни организации
  • констатира прием на нови членови и престанок на членување
  • избира органи и тела на Вила Зора и ги отповикува
  • избира и отповикува делегати на Вила Зора, за други организации
  • одлучува за престанок на работата на Вила Зора, со двотретинско мнозинство
  • врши и други работи во согласност со Статутот и други општи акти на Вила Зора
  • одлучува за барање, односно прифаќање на Вила Зора да му се довери вршење на јавно овластување

 Претседателството е колективен извршен орган на Собранието на Вила Зора и брои 10 члена.

Претседателството:
раководи со тековните активности, согласно со програмата и планот за работа, што ги донело Собранието

  • ги подготвува седниците на Собранието
  • го подготвува Нацрт статутот, дополнувањата и другите одлуки што треба да ги донесе Собранието
  • спроведува политика, заклучоци и одлуки донесени од Собранието
  • формира стручна служба и врши контрола врз нејзината работа
  • се грижи за материјални-финансиско работење на Вила Зора и во рамките на своите овластувања донесува одлуки за користење на средствата
  • изработува завршна сметка за приходите и расходите на Вила Зора
  • изработува финансов план за наредните активности
  • периодично, а најмалку еднаш годишно на Собранието му поднесува извештај за својата работа како и за работата на другите тела на Вила Зора
  • воспоставува и води дијалог со разни институции, организации и здруженија на граѓани
  • избира и именува комисии и работни групи
  • врши и други задачи што ќе му ги довери Собранието

Претседателството има свој: Претседател, Потпретседател и Секретар.

Претседателот ги има следните должности:

  • грижа за финансиско и материјално работење
  • поднесување извештај за работа на Вила Зора пред Собранието
  • претставување на Вила Зора пред правниот систем на државата и разни асоцијации во земјата и странство
  • раководи со седниците на Претседателсдтвото и активностите на Вила Зора или назначува личност за координација
  • координира и учествува во работата на избраните тела на Вила Зора
  • потпишува документи и акти и одлуки кои го донело Претседателството

Должности на Потпретседателот се:

  • замена на Претседателот во негово отсуство
  • помош во работата на Претседателот
  • грижа за материјално-финансиско работење на Вила Зора
  • координира и учествува во работата на изборните тела на Вила Зора

Должности на Секретарот се:

  • материјално-финансиско работење на Вила Зора
  • грижа за административното работење на Вила Зора
  • извршува задачи од организационен карактер, по упатство на Претседателот
  • извршува други задолженија по налог на Претседателот

Надзорниот одбор врши контрола на тековното материјално-финансиско работење на Вила Зора, посебно на Претседателството.

 
македонски
англиски

 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk