|
На 05 Јуни 2009 година во салата “Бели Мугри” во Велес беше одбележан јубилејот 20 години еколошко друштво “Вила Зора”-Велес. Ова е првата невладина организација во Р.Македонија, со еколошки предзнак, основач на ДЕМ и промотор на еколошкото движење во државата.
На свечена манифестација на која учествуваа повеќе стотици членови на Вила Зора, наши сорабптници, граѓани на општина Велес, беше презентиран филм за активностите на Вила Зора изминативе 20 години, беа доделени награди за литературниот и ликовниот конкурс што друштвото го распиша по повод овој јубилеј, награди за најдобрата училишна екипа во кошарка(по одр=аниот турнир помеѓу најдобрите екипи на основните училишта во Велес и доделени наградите благодарници и пофалници за 2008 година, како и јубилејната награда 20 години Е.Д. “Вила Зора”-Велес. Јубилејната награда "20 години Е.Д.Вила Зора ја добија" Г-дин Михаил Токарев од Скопје-Прв Претседател на ДЕМ Г-дин Јосиф Таневски од Скопје-поранешен Претседател на ДЕМ Г-ѓа Пандора Никушева од Велес-Прв Претседател на Вила Зора Г-дин Тони Јовановски од Битола-поранешен претседател на ДЕМ Фондација за локален развој и демократија- "ФОКУС" -Велес И.О."Димитар Влахов" -Велес Ревија "ЕКОЛОГИЈА" Филмот "Јас сум од Титов Велес" на Теона Митева Општина Велес Јубилејот беше поддржан од-Агро-индустриска групација АГРИА-Градско, БРАКО-Велес, Комерцијална банка А.Д.Скопје, КОСМОФОН, ПАВОР-Велес, Хемија комерц-Велес, Тоња Комерц-Велес и Алфа Маркети-Велес. |