www.vilazora.com.mk 19/10/2017
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

СО ДЕКОНТАМИНАЦИЈА-ДО БИОДИЗЕЛ

ImageПостои можност за деконтаминирање на почвата во велешко. На земјоделците во овој регион им се нуди можноста со засадување на маслодајна репка да извршат прочистување на загадената почва, зашто целата храна која се произведува во овој регион е ужасно токсична.

Е.Д."Вила Зора" започнува проект за деконтаминацијана земјоделските површини во регионот на општина Велес, преку фиторемедијација. Имено, идејата е да се поттикнат земјоделците во регионот на општина Велес да почнат со засадување на маслодајна репка, која е еден од најсилните хиперакумулатори на тешки метали од почвата.

Произведената репка ќе се користи за био-дизел, со што ќе се обезбеди одржливост на проектот и можност за продолжување следните неколку години.

Партнер во проектот е фабриката А.Д."Маслодајна-Благој Ѓорев" кои ќе учествуваат во техничката обработка на репката, со цел да ја поддржат активноста за деконтаминацијата на почвата во Велес.

Проектот е финансиски поддржан од Амбасадата на Норвешка во Р.Македонија.

 
< Претходно   Следно >
македонски
англиски

 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk