www.vilazora.com.mk 18/12/2017
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

"Free-paper" кампања низ Европа
ImageШирока коалиција на невладини организации, организации на земјоделци и производители на храна од 27 земји во Европа се одбедини против патентирањето на  живите организми. Имено, ЕПО(Европската патент организација) додели патент на компанијата Сингента за т.н. "Инсект резистанта пиперка" која е добиена со природно вкрстување на обичната пиперка со луто пиперче од Јамајка, (по што станува отпорна на влијанието на многу инсекти).

Со тоа се дозволи патентирање или присвојување на правата над еден сосем природен производ, што е преседан сам по себе, зашто не може да се патентира(присвојува) природен производ или производ добиен со комерцијално вкрстување. Со тоа се отвара можноста некоја мултинационална компанија да ги патентира и нашите пиперки, грозје, јаболка, гравче..па ќе треба да им се плаќа лиценца за да си ги одгледуваме нашите домашни производи.
Во текот на вчерашниот ден, преставници на нашата коалиција во Минхен организираа протестен настан, на кој ги понудија вработните во ЕПО со супа од природни лути пиперки, со што сакаа да им порачаат дека НЕ СМЕЕ ДА СЕ ПАТЕНТИРА НЕШТО ШТО ГО СОЗДАЛА САМАТА ПРИРОДА. 

Во ЕПО свој преставник има и Р.Македонија. ЕД Вила Зора како дел од широката европска коалиција апелира до "Државниот завод за индустриска сопственост" преку своите преставници да се спротистават на патентирањето на природни производи или производи добиени со конвенционално производство, со што ќе се заштити био-диверзитетот, присвојувањето на природните добра, како и квалитетот на храната која ја конзумираме. 

 
< Претходно   Следно >
македонски
англиски

 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk