www.vilazora.com.mk 18/08/2017
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

Конференција на Зелената Платформа на Македонија

Image24.10.2014 година во Велес беше одржана првата Конференција на Зелената Палформа, на која беа разгледани неколку еколошки "жешки"точки во државата:

- Ќе дишат ли градовите и оваа зима на шкрги?

- Се има ли идеја за згурата во Велес?

- Што со националниот парк Маврово?

Заклучоци:

  1. ИТНО решавање на проблемот со згурата од Топилницата во Велес

-       Дислокација на згурата од Топилницата во Велес во напуштени рудници или специјално подготвени јами, со целосно почитување на прописите за транспорт на јаловината;

-       Да не се дозволи пренамена на згурата за други цели, за да се спречи пренесување на загадувањето низ животната средина;

  2. Загадување на воздухот во Скопје, Тетово, Кавадарци, Битола и другите индустриски центри:

-       Затворање а индустриските капацитети кои не ги задоволуваат еколошките стандарди за работа

-       Редовна контрола на индустриските капацитети и нивната емисија во водата, воздухот и почвата;

-       Итна средба на паретниците во Парламентот во однос со загадувањето на воздухот во големите градови;

-       Да нема селективен пристап кон загадувачите;

3. Состојбата во Националниот Парк Маврово:

-       Да се ааштити флората и фауната и националното и културното богатство на Националниот Парк Маврово.

 

 
< Претходно   Следно >
македонски
англиски

 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk