www.vilazora.com.mk 18/12/2017
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

Почетна страна arrow Награди и признанија arrow доделени

Доделени награди и признанија

Еколошкото друштво “Вила Зора” од минатата година започна со доделување на признанија за субјекти кои дале значаен придонес во заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето, како и за оние со кои друштвото остварило успешна соработка во изминатата година. По тој повод, на 29 декември 2005 година ЕД “Вила Зора” ги додели следните признанија:
  • Благодарница за долгогодишна успешна соработка и меѓусебно разбирање за АД “Киро Ќучук”, заради 15-годишното користење на канцеларијата во нивниот хотел со минимален надоместок;
  • Благодарница за успешна соработка на полето на заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето во општина Велес во 2005 година за М-р Асен Прличков, заради плодната соработка и помошта во секој момент;
  • Благодарница за успешна соработка на полето на заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето во општина Велес во 2005 година за УСО “Димитрие Чуповски”, заради соработка на проектот за едукација за сида;
  • Благодарница за успешна соработка на полето на заштита и унапредување на животната средина и здравјето на луѓето во општина Велес во 2005 година за Гимназија “Кочо Рацин”, заради соработка на повеќе проекти;
  • Пофалница за особен придонес во областа на заштита и унапредување на животната средина и природата во општина Велес во 2005 година за Детска превентива при ЈЗО “Здравствен дом”, заради квалитетно и ажурно работење со апаратот за алерго-тестови.


Исто така, подмладокот на ЕД Вила Зора организираше ликовен и литературен конкурс за основните и средните училишта во градот. Темата  на конкурсот беше “Еко Велес 2006”. За најуспешните творби беа доделени награди. Наградени ученици на литературниот конкурс беа: Терзиева Оливера, Ртоска Марија и Елена Павлова, а на ликовниот: Сливкова Маја, Ангеловска Снежана и Стојанов Милчо. За нивното успешно учество на конкурсот, ЕД “Вила Зора” им додели по една книга.



 
македонски
англиски

 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk