www.vilazora.com.mk 22/09/2018
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

ЈАВЕН ПОВИК ЗА ДЕКОНТАМИНАЦИЈА

Image

Еколошко Друштво "Вила Зора" упатува ЈАВЕН ПОВИК за БЕСПЛАТНА деконтаминација на земјоделски површини околу Велес.  


Имено, во рамките на проектот „Да ја спасиме почвата од загадување“ поддржан од Проектот на УСАИД за граѓанско учество, за период од 3 години, Вила Зора ќе изврши деконтаминација на земјоделски површини околу општина Велес, поточно во месностите: Башино село, Речани, Дрењевица, Каласлари... или останатите региони кои се загадени како резултат на 30-годишното загадување од страна на Топилницата. 

Со цел планирање на активностите, како и буџетот за оваа година ги повикуваме земјоделците  или сопствениците кои се заинтересирани да им се изврши БЕСПЛАТНА деконтаминација на почвата, да се јават во канцеларијата на ЕД “Вила Зора” на улица "Трајко Панов" 22 во Велес,  на тел.043/233-023 или е-маил:  Оваа адреса е заштитена од ботови. Ппотребен е Javascript за да ја видите. , како и  на Facebook страната на еколошкото друштво Вила Зора-Велес. 

Истите ќе бидат контактирани и внесени во годишната програма( список на површини за деконтаминација) за 2019, 2020 и 2021 година Поради ограничените средства, ќе бидат деконтаминирани ограничен број хектари, по принципот - прв јавен, прв услужен.  

 
Следно >
македонски
англиски

 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk