www.vilazora.com.mk 19/10/2017
Главно Мени
Почетна страна
За нас
Публикации
Проекти
Награди и признанија
Контакт
Галерија
Архива
 

Почетна страна arrow Проекти

Проекти


Ја сакам природата, го сакам животот. Овој проект имаше образовен карактер, беа вклучени сите основни и средни училишта во нашиот град. Во едукацијата беа опфатени 5 теми од областа на екологијата: вода, воздух, почва, шуми и значењето на екологијата како наука. Се изведоа 5 предавања кои беа пропратени со соодветен видео материјал за темите кои беа предавани. Беше испечатен и пропаганден материјал: знаменца, благодарници, памфлети и брошури кои беа дистрибуирани на сите ученици-слушатели. Проектот е спроведен 1994/1995 година, финансиран од РЕЦ, буџет $1500.

Институционален развој на ЕД “Вила Зора”. Со овој проект канцеларијата на ЕД “Вила Зора” се здоби со опрема: компјутер, печатач и телефакс. Со ова се овозможи институционален развој на нашата НВО, значително се подобрија условите за работа и се зголемија нашите активности. Спроведен во февруари 1996 година, финансиран од ИТЗ, буџет 145 780 МКД.

Уредување на Младинскиот парк. Со овој проект беше уреден Младинскиот парк во централното градско подрачје, кој комплетно се исчисти од отпад во три наврати со учество на екологистите, НВО-ите и граѓаните, се поставија корпи за отпадоци и хортикултурно се уреди. На крај од проектот комплетно уредениот парк се промовираше со дефиле збогатено со културно-уметничка програма. Спроведен март-ноември 1997 година, финансиран од ИТЗ, буџет 70 600 МКД.

Училишни дворови, рајски градини. Овој проект имаше две цели: едукативна и работа на терен. Во едукативниот беше изготвен пропаганден материјал: плакат и памфлет, кој беше дистрибуиран низ целата општина, а во теренскиот беа опфатени сите основни, средни училишта и детските градинки со уредување на нивните дворови со дендро материјал. Со овој проект се уреди со саден материјал и просторот пред поликлиниката “Уред” во централното градско подрачје. Спроведен 16.03.2000-30.04.2000 година, финансиран од УНДП, буџет 574 820 МКД.

Еко - природник. Овој проект беше со едукативна содржина. Истиот опфати повеќе активности, како: печатење на тематско едукативно- еколошки билтени, еколошка едукација, организирање на работилници Еко - играрии. Целна група беа децата од предучилишната и училишната возраст до четврто одделение од сите основни училишта од градот и сите клонови на КДУ “Димче Мирчев”. Спроведен во јануари 2000 година, финансиран од РЕЦ, буџет $2000.

Збирка на меѓународни конвенции и протоколи. Овој проект беше наменет за печатење на “Збирка на меѓународни конвенции и протоколи” во која за прв пат се публикуваат текстовите на шест меѓународни конвенции и еден протокол од областа на заштитата на животната средина. Спроведен 12/2001-02/2002 година, финансиран од РЕЦ, буџет $2000.

Еколошко едукативно катче. Во дворот на Гимназијата се направи еколошко чисто катче, кое  има површина од околу 200м2. Покрај ова, се одржа и едукација на ученици од Гимназијата со цел да се развие нивната еко-свест. Проектот е спроведен јуни-декември 2003 година, финансиран од ФИООМ, вкупен буџет $5449, од кои $505 се сопствено учество.

За децата од Велес. Проектот беше наменет за набавување на апарат за тестирање на можните алергиски заболувања на децата, но и на возрасните. Овој апарат е добиен и поклонет на Ј.З.О.”Медицински центар” Велес, со цел да се има општа корист од него. Проектот е спроведен 11/2003-03/2004 година, финансиран од Балканска банка - Скопје, буџет 3000 евра.

Локални иницијативи за поддршка на органско земјоделие. Овој проект беше спроведен во рамките на ДЕМ, во соработка со Пронатура од Швајцарија. Учествуваа 5 еколошки друштва од Македонија, меѓу кои и ЕД “Вила Зора” Велес. Основна цел беше промоција и развој на органското земјоделство во Македонија. Проектот е спроведен 2000-2003 година, финансиран од SDC, буџет 1 500 000 МКД.

Локална Агенда 21 за општина Велес. Во насока на одржлив развој, во општина Велес се изработи Локална Агенда 21. ЛА 21 ја изготви Граѓанскиот комитет, составен од 22 претставници на: локалната власт, бизнис-секторот, институциите и невладиниот сектор. Предлог-стратегијата, која ги вклучи сите политички, социјални, културни и технолошки потреби во локалната заедница, беше усвоена од Советот на Општината. Проектот е спроведен 06/2004-06/2005 година, финансиран од РЕЦ, буџет 6000 евра.

Велес на велосипеди. Иницијатива за подигање на јавната свест на граѓаните во Општина Велес за масовна употреба на велосипедот како алтернативно превозно средство. Во рамките на проектот изготвени се паркиралишта за велосипеди, поставени на неколку локации низ градот, информативен материјал, сити-лајтови, организиран велосипедски крос и ликовен и уметнички конкурс за децата од училиштата. Спроведен е 12/2004-06/2005 година, финансиран од ФИООМ, буџет 81 680 МКД.

Велес - историја, култура, туризам, економија. Во рамките на проектот е изготвена публикација за културно-историските карактеристики на Општина Велес и туристичко-економските потенцијали во неа. Спроведен е 01.09.2004-01.03.2005 година, финансиран од Министерство за култура на Р. Македонија, буџет 8000 евра.

Иницијатива за Прва ГМО слободна зона. Проектот е граѓанска иницијатива за прогласување на Велес за Прва ГМО слободна зона, со цел да се заштити веќе доволно контаминираната животна средина во Велес од генетски модифицираните организми. Се изготви Декларација која, поддржана од неколку илјади граѓани, е доставена до Советот на усвојување. Спроведен 15.12.2004-01.06.2005 година, финансиран од ФИООМ, буџет 2000 евра, од кои 1000 евра се сопствено учество.

Граѓански акции за демократски развој. Овој проект е активност насочена кон подигање на јавната свест на граѓаните како да учествуваат во локалните демократски процеси со свои иницијативи, предлози и слично. Граѓаните се едуцираат за правата од Архуската конвенција, Законот за локална самоуправа, а истовремено се покренува иницијатива за формирање Локален фонд за животна средина во општина Велес. Времетраење: март-септември 2005 година, финансиран од ФИООМ, буџет 2500 евра.  

Велес рециклира. Целта на овој проект е повеќекратна: едукација на луѓето да го селектираат отпадот и да го оставаат во соодветни контејнери, зголемување на јавната свест за важноста и користа од  рециклирањето, намалување на количеството на отпад по улиците, како и разубавување на градот и зголемување на квалитетот на живот. Времетраење: септември-декември 2005 година, финансиран од ФИООМ, буџет 67900 МКД.

Екологија-интернет-едукација. Целите на овој проект се следните: изработка на веб-страна на еколошкото друштво, подигање на јавната свест на граѓаните од општина Велес, модернизирање на работата и начинот на комуникација на еколошкото друштво. Финансиран од Министерство за животна средина и просторно планирање, буџет 40000 МКД.

Активирај, Информирај, Дебатирај, Стоп - СИДА. Со средства од Програмата за помош на мали проекти преку Мировниот корпус на САД, дизајниравме програма да ги едуцираме чувствителните сегменти од населението на Велес за реалноста и опасноста од ХИВ/СИДА. Користејќи уникатен  метод на едукација, селектиравме средношколци да едуцираат основци за ХИВ/СИДА. Се фокусиравме на зголемување на свеста за болеста и начините на кои можат да се заштитат. Дел од проектот е едукација на млади Роми, како и општата популација преку кампања за јавната свест. Времетраење: ноември-декември 2005, вкупната сума на добиени средства е $2,650.

Фиторемедијација на почвата во Велес. Идејата на проектот беше да се започне со деконтаминација на почвата во општина Велес од тешките метали со процесот на фиторемедијација. Тоа е зелена технологија за одржлив развој, начин на редуцирање и отстранување на органските, неорганските (олово,  кадмиум, цинк) како и мешани материи од почвата со помош на растенија - фиторемедијатори. Со овој проект најпрво се изврши анализа на загаденост на почвата на три локации во градот. Потоа, со помош на експерти од Факултетот за земјоделски науки и храна од Скопје, се посеаја растенија-фиторемедијатори на две локации, се вршеше нивна постојана контрола и по завршувањето на процесот се анализираше повторно почвата. Проектот беше финансиран од Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија, времетраење од  мај до септември 2006 година, буџет 100000 МКД.

Зелена акција за Велес. Проектот имаше за цел да поттикне координирана акција за подигање на јавната свест кај населението во општина Велес кое е од мешан етнички состав (Македонци, Албанци, Роми, Бошњаци, Турци, Срби) со цел да се едуцира дека со зачувувањето на шумскиот фонд се подобрува квалитетот на животната средина и активности за дополнување на локалната регулатива во општина Велес со цел да се поттикне пошумувањето од страна на локалното население. Покрај невладиниот сектор, беа активирани и службите кои се надлежни од градот со цел да се зачува и зголеми шумскиот фонд во Велес и неговата околина. Времетраење: септември-декември 2006 година, кофинансиран од ФИООМ и ЕД Вила Зора, буџет 181500 МКД.

Даночни олеснувања за граѓанските организации. Овој проект беше имплементиран од  ЕД”Вила Зора”- Велес,  по претходен договор и во координација со МЦМС. Во основа се работеше за семинар како интегрален дел од серија активности во рамките на проектот “Даночни олеснувања за граѓанските организации” во рамките на програмата на ГПМ, чиј носител и спроведувач е МЦМС, во рамките на компонентата “Подобрување на правната и фискалната рамка за граѓанските организации” координирана од ФИООМ. Времетраење: 29 август-10 октомври 2007 година, кофинансиран од МЦМС и ЕД Вила Зора, буџет 28568 МКД.

¨      Dekontaminacija na po~vata vo Veles so fitoremedijacija: 2007-2008 vtorata faza be{e poddr`ana od Fondacija FTH. Se rabote{e vo sorabotki so eksperti od Fakultetot za hrana i zemjodelie od Skopje. Vo vtorata faza bea zasadeni novi kulturi, maslodajna repa i bea izvr{eni ispituvawa na kontaminiranosta so te{ki metali na zelenite proizvodi vo Veles.  Kapacitetot za pro~istuvawe na po~vata na rastenijata i sostojbata na po~vata posle dekontaminacijata, bea javno prezentirani i prifateni kako edinstven na~inj za pro~istuvawe na vele{kata po~va  od doma{nite i stranskite eksperti.

 

¨      Dolen tek na rekata Babuba i kawonot Pe{ti: Poddr`an od GEF-period 2006-2008 godina. Buxet 8 000 Evra. Se rabote{e na za{tita na endemskite vidovi flora i fauna na lokalitetot Pe{ti i promovirawe na eko-turizmot na dolniot tek na rekata Babuna. Bea postaveni klupi, korpi, masi, informativni tabli vo regionot na Pe{ti, kako i vidikovec za nabquduvawe na regionot, kako i most za premin do kulturno-istoriskite spomenici-Pe{terski crkvi od koi nekoi datiraat i od 16-ot vek. Bea postaveni i proda`ni punktovi za promovirawe na lokalnite proizvodi-zemjodelski i samodelski.

  

¨      Зелена платформа на Македонија izgradena gra|anska koalicija od site relevatni ekolo[ki nevladini organizacii vo Makedonija, koi targetiraa 10 \e[ki to;ki vo Makedonija i napravija zaedni~ka strategija za re{avawe na ekolo{kite problemi vo Makedonija. Realizirano 2014-2015 godina, poddr`ano od NDI.  

¨      Protest Eden mora da si odi-poddr`an od MCMS, organizirawe na protest protiv proda`bata na Topilnicata-juni 2008 god.

ont-weight:bold;mso-bidi-font-style:italic'>sozdavawe mre`a na NVO-i od Makedonija koja raboti na za{tita od GMO i proglasuvawe novi GMO slobodni zoni vo R.Makedonija. Vo mre`ata vlegoa 24 ekolo{ki organizacii i bea proglaseni 7 novi GMO slobodni zoni vo R.Makedonija. Se rabote{e i na podigawen ajavnata svest kaj gra|anite za opasnosta od GMO i na~inot kako gra}aninot da se za{titi od kontaminacijata so ovie materii. Poddr`ano od Grassrroth foundation. 3500 Evra. Period 2007-2009 godina.

 

       

¨      Makedonija bez GMO-sozdavawe mre`a na NVO-i od Makedonija koja raboti na za{tita od GMO i proglasuvawe novi GMO slobodni zoni vo R.Makedonija. Vo mre`ata vlegoa 24 ekolo{ki organizacii i bea proglaseni 7 novi GMO slobodni zoni vo R.Makedonija. Se rabote{e i na podigawen ajavnata svest kaj gra|anite za opasnosta od GMO i na~inot kako gra}aninot da se za{titi od kontaminacijata so ovie materii. Poddr`ano od Grassrroth foundation. 3500 Evra. Period 2007-2009 godina. ¨      

ЛЕАП за општина Чашка-Во соработка со ДЕМ и општина Чашка, беше изготвен овој стратешки документ од областа на екологијата. Буџет-8 000Евра, период 2007-2009. Финансиер-РЕЦ 

¨      Зелен пакет јуниор-во соработка со општина Велес беа реализирани активности во сите основни  училишта во Велес од областа на одржливиот развој. Реализирано 2010-2011. Поддржано од РЕЦ во изнод од 10.000 Евра.

¨      Да ја заштитиме нашата иднина - иницијатива за донесување закон за огрничување на градењето на тешката индустрија на растојание помало од 5км од населените места. Реализирано 2012-2013, поддржано од ФООМ/УСАИД во износ од 18.900 долари.

¨      Зелена платформа на Македонија izgradena gra|anska koalicija od site relevatni ekolo[ki nevladini organizacii vo Makedonija, koi targetiraa 10 \e[ki to;ki vo Makedonija i napravija zaedni~ka strategija za re{avawe na ekolo{kite problemi vo Makedonija. Realizirano 2014-2015 godina, poddr`ano od NDI. 

 

 
македонски
англиски

 

Advertisement


Financed by www.moepp.gov.mk